БАЈДЕН ВЕТИ ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА ВО СВОЈОТ ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР, ТРАМП СЀ УШТЕ НЕ СЕ ОБРАТИЛ ВО ЈАВНОСТ

    БАЈДЕН ВЕТИ ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА ВО СВОЈОТ ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР, ТРАМП СЀ УШТЕ НЕ СЕ ОБРАТИЛ ВО ЈАВНОСТБајден во наредните четири години ќе ја води земјата заедно со Камала Харис, првата жена на функцијата потпретседател (Фото: АП)

    Џо Бајден вети дека нема да ја дели, туку ќе ја обедини Америка, во својот прв говор откако вчера беше прогласен за победник на претседателските избори.

    „Ајде сите да си дадеме шанса едни на други“, кажа тој во Делавер.

    Бајден беше потврден за 64. претседател на САД откако вчера попладне ја освои Пенсилванија, со што го надмина прагот од потребните 270 електорски гласови. Трамп сѐ уште не признал пораз, ниту се обратил во јавност, освен што на Твитер ги повтори своите тврдења за изборна измама.

    „Ветувам дека ќе бидам претседател кој нема да дели, туку ќе обединува, кој не гледа црвени и сини држави, туку само Соединетите Американски Држави“, кажа Бајден и директно им се обрати и на приврзаниците на Трамп.

    „Го разбирам разочарувањето на сите оние кои гласаа за Трамп, но време е да ја оставиме грубата реторика зад нас, да ја спуштиме температурата и повторно да се погледнеме и слушнеме едни со други. Време е да се оди напред и да престанеме да ги третираме нашите противници како непријатели“.

    Бајден освои 74 милиони гласови, што е најголема бројка во историјата на изборите во САД. Тој во наредните четири години ќе ја води земјата заедно со Камала Харис, првата жена на функцијата потпретседател.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира