БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА НИШТО НЕ ЗНАЕЛА ЗА НАМЕРИТЕ НА ХАРИ И МЕГАН ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ

    БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА НИШТО НЕ ЗНАЕЛА ЗА НАМЕРИТЕ НА ХАРИ И МЕГАН ДА СЕ ПОВЛЕЧАТХари и Меган со месеци покажуваа знаци дека се несреќни со кралскиот живот (Фото: АП)

    Британското кралско семејство изјави дека е повредено од одлуката на војводата и војвотката од Сасекс да се повлечат од своите кралски должности.

    Како што објави Би-Би-Си, принцот Хари и Меган Маркл не се советувале со никого од кралското семејство пред да ја дадат својата изјава.

    „Бакингамската палата ништо не знаела за ова“, вели новинарот на Би-Би-Си Џони Дајмонд.

    Хари и Меган вчера кажаа дека одлуката ја донеле по неколку месеци преиспитување и меѓусебни дискусии. Тие намераваат да се повлечат од кралското семејство и да работат на тоа да станат целосно финансиски независни, при што ќе поминуваат време и во Велика Британија и во Северна Америка.

    „Тоа ќе ни овозможи да го одгледуваме нашиот син согласно кралските традиции и ќе ни отвори простор за наше ново поглавје“, објавија Хари и Меган на Инстаграм.

    Тие ќе отворат своја сопствена фондација, откако во јуни се одделија од фондацијата на Вилијам и Кејт. Се очекува таа да биде глобална и повеќе да биде поврзана со Африка и САД.

    Хари, кој беше шести во редот за наследување на тронот, и Меган веќе неколку месеци покажуваа знаци дека се несреќни со кралскиот живот, признавајќи дека тешко се справуваат со притисокот на јавноста.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари