БАВАРИЈА САКА ДА ЗАТВОРА ПОЛИТИЧАРИ ОТИ НЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

    БАВАРИЈА САКА ДА ЗАТВОРА ПОЛИТИЧАРИ ОТИ НЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТОГувернерот Марцел Зедер е меѓу функционерите кои се обвинуваат дека не вовеле мерки против загадувањето во Минхен (Фото: АП)

    Судот во Минхен размислува да затвори неколкумина високи баварски функционери затоа што не успеале да преземат мерки против аерозагадувањето во градот, кој е дом на автомобилскиот гигант БМВ.

    Весникот „Зидојче цајтунг“ објави дека покраинскиот административен суд верува дека затворот е најефективниот начин да се принуди баварската влада конечно да воведе мерки за намалување на емисијата на штетните гасови.

    Минхен лани ја предводеше листата од 65 германски градови, во коишто е утврдено зголемено ниво на штетни честички во воздухот. Баварските власти во меѓувреме одбиле да воведат мерки во градот, како ограничена забрана за користење дизел возила, и покрај високите казни.

    Според весникот, судиите сега бараат законски насоки од Европскиот суд на правдата за тоа дали по оваа основа е дозволено затворање функционери, што се однесува и на министерот за екологија Марцел Хубер и гувернерот Маркус Зедер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира