БЕЛАТА КУЌА ОТВОРИ „ТРАМП ТВ“ ПО СПОРОТ СО МЕДИУМИТЕ

    БЕЛАТА КУЌА ОТВОРИ „ТРАМП ТВ“ ПО СПОРОТ СО МЕДИУМИТЕТрамп ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања (Фото: ДПА)

    Белата куќа го отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи. Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби.

    „Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа на Икс.

    Белата куќа веќе некое време обезбедуваше пренос од настапите на Трамп.

    Лансирањето на „Трамп ТВ“ уследи откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања.

    Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.

    Промените имаа непосреден ефект. На прес-конференцијата вчера, Трамп зборуваше неколку минути, но не можеше да се чуе во преносот во живо. Новинарите од големите медиуми не беа присутни со свои камери и микрофони, како што обично се случува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира