БЕЛГИЈА ГО ПУШТИ КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР НА УСЛОВНА СЛОБОДА

    БЕЛГИЈА ГО ПУШТИ КАТАЛОНСКИОТ ЛИДЕР НА УСЛОВНА СЛОБОДАЗасега се спаси од екстрадиција во Шпанија. - Карлес Пуигдемонт (Фото: АФП)

    Белгискиот суд ги пушти на условна слобода разрешениот каталонски претседател Карлес Пуигдемонт и четворицата негови соработници, кои вчера ѝ се предадоа на полицијата, откако Шпанија за нив распиша европски налог за апсење.

    Тие добија забрана за напуштање на Белгија без одобрение на судот и ќе мора лично да се појават на сите сослушувања, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител.

    Судот имаше рок од 24 часа да реши како ќе одговори на шпанското барање за екстрадиција на петтемина каталонски политичари. Тие ја напуштија Шпанија неколку часа откако јавниот обвинител најави дека против нив ќе покрене обвиненија за побуна, повикување на сецесија и за злоупотреба на јавни средства, за што може да добијат затворска казна до 30 години.

    „Следен чекор во процесот е нивното појавување пред судот во наредните 15 дена“, соопштија белгиските обвинители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира