Белгиски принц се заразил со коронавирус во Шпанија откако присуствувал на забава за време на карантин, потврдија од белгиското кралско семејство.
Дваесет и осумгодишниот принц Јоаким отпатувал за Шпанија на 26 мај за да стажира и два дена подоцна отишол на забава во јужниот град Кордоба, по што имал позитивен тест на коронавирус.
Шпанските медиуми објавија дека внукот на белгискиот крал Филип бил еден од 27-те луѓе на забавата. Според правилата што се на сила во Кордоба, тие го прекршија законот бидејќи се забранети собири со повеќе од 15 луѓе.
Шпанската полиција отвори истрага за забавата и принцот се соочува со казна од 10.000 евра. Тој сега се наоѓа во изолација во Шпанија и се вели дека има благи симптоми.
„Ова е многу неодговорно. Лута сум и разочарана. Ова се случува во периодот кога се Шпанија се деновите на национална жалост за жртвите на коронавирусот“, изјави Рафаела Валенсуела, претставничката на шпанската влада во Кордоба.