БЕЛГИСКИ ПРИНЦ СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС ВО ШПАНИЈА ОТКАКО БИЛ НА ЗАБАВА ВО ВРЕМЕ НА КАРАНТИН

    БЕЛГИСКИ ПРИНЦ СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС ВО ШПАНИЈА ОТКАКО БИЛ НА ЗАБАВА ВО ВРЕМЕ НА КАРАНТИНПринцот Јоаким отпатувал за Шпанија на 26 мај за да стажира и два дена подоцна отишол на забава во Кордоба (Фото: Гети)

    Белгиски принц се заразил со коронавирус во Шпанија откако присуствувал на забава за време на карантин, потврдија од белгиското кралско семејство.

    Дваесет и осумгодишниот принц Јоаким отпатувал за Шпанија на 26 мај за да стажира и два дена подоцна отишол на забава во јужниот град Кордоба, по што имал позитивен тест на коронавирус.

    Шпанските медиуми објавија дека внукот на белгискиот крал Филип бил еден од 27-те луѓе на забавата. Според правилата што се на сила во Кордоба, тие го прекршија законот бидејќи се забранети собири со повеќе од 15 луѓе.

    Шпанската полиција отвори истрага за забавата и принцот се соочува со казна од 10.000 евра. Тој сега се наоѓа во изолација во Шпанија и се вели дека има благи симптоми.

    „Ова е многу неодговорно. Лута сум и разочарана. Ова се случува во периодот кога се Шпанија се деновите на национална жалост за жртвите на коронавирусот“, изјави Рафаела Валенсуела, претставничката на шпанската влада во Кордоба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира