БЕЛОРУСКАТА ЛИДЕРКА НА ОПОЗИЦИЈАТА ИЗБЕГА ВО ЛИТВАНИЈА, ПОТВРДИ ЛИТВАНСКОТО МНР

    БЕЛОРУСКАТА ЛИДЕРКА НА ОПОЗИЦИЈАТА ИЗБЕГА ВО ЛИТВАНИЈА, ПОТВРДИ ЛИТВАНСКОТО МНРСветлана Тиханоскаја беше главна ривалка на Александар Лукашенко на претседателските избори во неделата и тврди дека таа победи оти тој ги лажирал изборите. (Фото: Ројтерс)

    Белоруската лидерка на опозицијата Светлана Тиханоскаја замина за Литванија од Белорусија среде протестите и е безбедана, рече денес министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус, во објавата на Твитер. Тиханоскаја беше главна ривалка на Александар Лукашенко на претседателските избори во неделата. Лучашенко победи со 80 отсто од гласовите, но опозицијата смета дека изборите се лажирани, по што избија масовни демонстарции и судири со полицијата.

    Тимот на Тиханоскаја вчера не можеше да ја добие на телефон, откако ја напушти зградата на изборната комисија. Претходно, таа им рече на новинарите дека смета оти таа победила на изборите, а не Лукашенко.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира