БЕРЛУСКОНИ ИМА ЛЕУКЕМИЈА, ОБЈАВИЈА МЕДИУМИТЕ

    БЕРЛУСКОНИ ИМА ЛЕУКЕМИЈА, ОБЈАВИЈА МЕДИУМИТЕБерлускони вчера беше примен на одделот за интензивна нега (Фото: Анса)

    Силвио Берлускони, кој во четири наврати ја извршуваше премиерската функција во Италија, има леукемија, објавија „Ројтерс“ и „Кориере дела сера“, повикувајќи се на добро упатен извор.

    Осумдесет и шестгодишниот Берлускони вчера беше примен на одделот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, откако се пожалил на проблеми со дишењето.

    Италијанската новинска агенција „Анса“ објави дека состојбата на Берлускони останува сложена, но стабилна и дека лекарите постојано го следат.

    Берлускони на голема врата се врати во италијанската политика на последните парламентарни избори, по кои неговата партија Напред Италија стана дел од владејачката коалиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира