БЕРНИ САНДЕРС ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД ВО 2020

    БЕРНИ САНДЕРС ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД ВО 2020Берни Сандерс сериозно ја предизвика Хилари Клинтон пред изборите во 2016 и ја смени политиката на Демократите (Фото: АП)

    Берни Сандерс, чија кампања за претседателските избори во 2016 година ја преобликуваше политиката на Демократите, објави дека ќе се обиде уште еднаш во 2020.

    „Нашата кампања нема за цел само да го порази Доналд Трамп. Ние сакаме целосно да ја трансформираме земјата и да создадеме влада, која ќе се базира на принципите на економска, социјална и расна правда“, изјави 77-годишниот Сандерс, кој се опишува себеси како демократски социјалист.

    Ентузијастичниот прогресивен сенатор од Вермонт ја шокираше Демократската партија кога ја предизвика фаворизираната Хилари Клинтон и иако не ја доби номинацијата, неговата кампања помогна да се постават основите на денешната левоориентирана политика на Демократите. Тој освои 13 милиони гласови во 2016 година, без да води скапа кампања.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира