БИВШ ПРИПАДНИК НА ЦИА ДОБИ 40 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НАЈГОЛЕМОТО ХАКИРАЊЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА

    БИВШ ПРИПАДНИК НА ЦИА ДОБИ 40 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НАЈГОЛЕМОТО ХАКИРАЊЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТАШулте споделил над 8.000 документи на Викиликс во 2017 (Фото: АП)

    Бивш припадник на ЦИА е осуден на 40 години затвор за споделување доверливи алатки за хакирање на платформата Викиликс. Триесет и петгодишниот Џошуа Шулте е прогласен за виновен и за поседување фотографии од злоупотреба на деца.

    Обвинителите кажаа дека Шулте ги објавил алатките на ЦИА „Волт 7“, кои им овозможуваат на разузнувачите да хакираат смартфони и така да ги прислушуваат. Тие го опишаа хакирањето како едно од најдрските во историјата на САД.

    Шулте споделил 8.761 документ на Викиликс во 2017, што е најголемото протекување документи во историјата на ЦИА, кажа американското министерство за правда. Тој ги негираше обвинувањата, но беше осуден на три одделни федерални судења во Њујорк во 2020, 2022 и 2023.

    Шулте сега беше осуден за шпионирање, компјутерско хакирање, непочитување на судот, давања лажни изјави на ФБИ и за поседување слики од злоупотреба на деца.

    Џошуа Шулте ја предаде земјата, извршувајќи го едно од најдрските и најгрозоморни случаи на шпионажа во американската историја“, изјави јавниот обвинител Дамијан Вилијамс.

    Шулте бил вработен во одделот за развој на софтвер во Центарот за сајберразузнавање, кој врши сајбершпионирање на терористички организации и странски влади. Обвинителите кажаа дека тој ги споделил тајните на ЦИА со Викиликс најверојатно од гнев поради спор на работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира