97-ГОДИШНА БИВША СЕКРЕТАРКА ВО НАЦИСТИЧКИ ЛОГОР ДОБИ УСЛОВНА КАЗНА ЗА СОУЧЕСНИШТВО ВО УБИСТВОТО НА 10.505 ЛУЃЕ

    97-ГОДИШНА БИВША СЕКРЕТАРКА ВО НАЦИСТИЧКИ ЛОГОР ДОБИ УСЛОВНА КАЗНА ЗА СОУЧЕСНИШТВО ВО УБИСТВОТО НА 10.505 ЛУЃЕИрмгард Фурхнер работела во логорот Штутхоф од 1943 до 1945 (Фото: АФП)

    Поранешна секретарка на заповедникот на нацистички концентрациски логор е осудена за соучесништво во убиството на 10.505 луѓе. Сега 97-годишната Ирмгард Фурхнер како тинејџерка била ангажирана како дактилографка во логорот Штутхоф и работела таму од 1943 до 1945.

    Таа доби условна казна од две години затвор на крајот на судењето во северниот германски град Иценхое, кое почна во септември 2021. Иако работела како цивилен службеник, судијата заклучи дека таа била свесна за она што се случувало во логорот.

    Се верува дека 65.000 луѓе починале во логорот сместен близу полскиот град Гдањск, вклучувајќи Евреи, Полјаци и заробени советски војници. Во Штутхоф биле користени разни методи за убивање затвореници, а илјадници починале во гасни комори од јуни 1944. Командантот на Штутхоф, Паул-Вернер Хопе, беше ослободен во 1966 по отслужените девет години затвор.

    Фурхнер беше пронајдена на улица во Хамбург откако избега од дом за стари лица пред почетокот на судењето. Таа го прекина молкот 40 дена по почетокот на судскиот процес.

    „Се извинувам за сè што се случи. Жалам што бев во Штутхоф во тоа време и тоа е сè што можам да кажам“, изјави Фурхнер, која била една од неколкуте дактилографки во канцеларијата на Хопе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира