БИВШИОТ АДВОКАТ НА ТРАМП МАЈКЛ КОЕН СЕ СОГЛАСИ ЈАВНО ДА СВЕДОЧИ ПРЕД КОНГРЕСОТ

    БИВШИОТ АДВОКАТ НА ТРАМП МАЈКЛ КОЕН СЕ СОГЛАСИ ЈАВНО ДА СВЕДОЧИ ПРЕД КОНГРЕСОТМајкл Коен важи за клучен човек во две големи истраги против Трамп (Фото: Ројтерс)

    Долгогодишниот адвокат и соработник на Доналд Трамп, Мајкл Коен, изјави дека ја прифатил поканата од висок претставник на демократите да сведочи јавно пред Конгресот наредниот месец.

    Коен, кој во март треба да почне да отслужува тригодишна затворска казна, е клучен човек во истрагите за можното руско мешање во претседателските избори во 2016 година и за прекршувањето на федералните закони за финансирање кампања, во врска со парите што биле исплатени на две жени за да молчат за наводните секс-афери со Трамп.

    Сведочењето е закажано за 7 февруари.

    „Ние немаме интерес да се мешаме во актуелните криминални истраги и затоа претходно ќе се консултираме со специјалниот советник Роберт Милер“, изјави Илајџа Камингс, шефот на комитетот пред кој ќе сведочи Коен.

    Тој веќе сведочеше пред разузнавачките комитети на Конгресот во 2017 година, кога призна дека лажел под заклетва дека не знаел за бизнис зделките на Трамп во Русија, додавајќи дека тоа го направил поради голема лојалност кон него.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари