БИВШИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ САРКОЗИ ДОБИ ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ИЛЕГАЛНО ФИНАНСИРАЊЕ ИЗБОРНА КАМПАЊА

    БИВШИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ САРКОЗИ ДОБИ ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ИЛЕГАЛНО ФИНАНСИРАЊЕ ИЗБОРНА КАМПАЊАСаркози беше обвинет за прекумерно трошење во кампањата во 2012, по што ангажирал пи-ар агенција за да го прикрие тоа (Фото: Гети)

    Бившиот француски претседател Никола Саркози е прогласен за виновен за илегално финансирање на својата изборна кампања во 2012. Тој доби една година затвор, од кои шест месеци условно, што значи дека казната би можел да ја отслужи со носење електронска алка место да оди во затвор.

    Саркози беше обвинет за прекумерно трошење во кампањата, по што ангажирал пи-ар агенција за да го прикрие тоа. Тој секогаш ги негираше овие обвинувања. Случајот стана познат како аферата „Бигмалион“, според името на фирмата.

    Денешната одлука доаѓа откако апелациониот суд во Париз ја потврди првичната пресуда на понизок суд, кој му даде една година затвор. Адвокатот на Саркози кажа дека ќе се жалат на новата пресуда, што значи дека ќе се одложи неговото евентуално одење во затвор.

    Обвинителите кажаа дека партијата на Саркози во кампањата потрошила речиси двојно повеќе од дозволените 22,5 милиони евра. Тие признаваат дека нема докази дека Саркози ја организирал шемата, но велат дека веројатно бил свесен за тоа.

    Саркози ги изгуби изборите во 2012, кога се бореше за својот втор мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира