БОГАТИТЕ ДРЖАВИ ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА „ГУГЛ“, „АМАЗОН“ И „ФЕЈСБУК“

    БОГАТИТЕ ДРЖАВИ ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА „ГУГЛ“, „АМАЗОН“ И „ФЕЈСБУК“Членките на Г7 очекуваат приходи од милијарди долари со новата одлука (Фото: ПА)

    САД, Велика Британија и останатите членки на Г7 постигнаа историски договор за оданочување на големите компании како „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“, што на владите би можело да им донесе свеж приход од милијарди долари. Тие договорија на овие компании да им се воведе глобален корпоративен данок од најмалку 15%, при што тој ќе биде и поголем во земјите во кои повеќе заработуваат.

    Ова следува откако оваа недела беше објавено дека „Мајкрософт“ лани не платил никаков данок на заработените 315 милијарди долари бидејќи за даночните обврски се води како жител на Бермуда.

    САД, Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија денеска објавија дека постигнале договор по неколку години преговарање и сега ќе се обидат да ги притиснат и другите држави да го следат нивниот пример.

    „Ова е добра вест за даночната правда и солидарноста, а лоша за даночните реави. Компаниите веќе нема да можат да ги избегнуваат своите даночни обврски и да ги пријавуваат своите профити во држави со ниски даноци“, изјави германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира