БОГАТСТВОТО НА ДЕСЕТТЕ НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ СЕ ЗГОЛЕМИЛО ЗА 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ПАНДЕМИЈАТА

    БОГАТСТВОТО НА ДЕСЕТТЕ НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ СЕ ЗГОЛЕМИЛО ЗА 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ПАНДЕМИЈАТАОсновачот на „Амазон“ Џеф Безос оваа година стана најбогатиот човек на светот (Фото: АП)

    Десеттемина најбогати луѓе на светот го зголемиле своето и онака огромно богатство за повеќе од 400 милијарди долари од почетокот на пандемијата, откако нивните бизниси профитираа од рестриктивните мерки и финансиските кризи низ светот.

    Според магазинот „Форбс“, нивното богатство пораснало за вкупно 450 милијарди долари во изминатите девет месеци, додека американската група „Такс фернес“ проценува дека вкупното богатство на 651 милијардер во САД се зголемило за 1.100 милијарди долари во истиот период.

    „Нивниот профит од пандемијата е толку огромен, што тие самите би можеле да платат голем пакет за заздравување од коронавирусот и пак да не изгубат ништо од своето претходно богатство“, велат од оваа организација.

    Џеф Безос, основачот на „Амазон“, го зголеми своето богатство за 70 милијарди долари од март и тоа сега изнесува рекордни 185 милијарди, откако милиони луѓе се свртеа кон пазарувањето преку интернет.

    Меѓу членовите на супербогатата елита кои профитираа оваа година се и Илон Маск (од 25 на 153 милијарди долари), Бернар Арно (од 69 на 148 милијарди), Марк Закерберг (за 80%) и Лери Пејџ (за 76%).

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира