БОЛИД УДРИ ВО ГЛЕДАЧИ НА РЕЛИ ТРКА ВО УНГАРИЈА, ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ

    БОЛИД УДРИ ВО ГЛЕДАЧИ НА РЕЛИ ТРКА ВО УНГАРИЈА, ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИПричината за несреќата засега не е позната (Фото: принтскрин)

    Четворица луѓе загинаа, а најмалку осуммина се повредени откако болид излета од патеката и удри во група гледачи за време на популарното унгарско рели Естергом-Њергеш, што се возеше во северниот дел на земјата. Полицијата кажа дека причината за несреќата засега не е позната.

    Унгарските медиуми објавија дека едно дете е превезено во болница со повреди опасни по живот, а уште едно лице има сериозни повреди.

    Видео објавено на социјалните мрежи покажува како тркачко возило пролизгува на асфалтираниот пат, по што удира во насобраните гледачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира