БОЛИВИСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРАЛЕС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ПОНИШТУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ

    БОЛИВИСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРАЛЕС ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ПОНИШТУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕМоралес го прифати барањето за нови избори, но се повлече под притисок на војската (Фото: АП)

    Претседателот на Боливија Ево Моралес поднесе оставка откако војската го повика да се повлече по поништените парламентарни избори.

    Ова уследи откако меѓународните набљудувачи повикаа изборите од 20 октомври да бидат поништени, тврдејќи дека имало сериозни манипулации. Моралес го прифати ова барање и најави дека ќе распише нови избори откако ја распушти изборната комисија. И покрај тоа, политичари, војската и шефови на полицијата побараа од него да поднесе оставка.

    „Се повлекувам од функцијата претседател“, кажа Моралес во телевизиското обраќање.

    Освен него, оставка даде и потпретседателот Алваро Гарсија Линера.

    Боливија ја тресеа неколкунеделни антивладини протести по извештаите за измами на последните претседателски избори. Најмалку три лица загинаа во протестите, на кои им се придружиле и припадници на полицијата.

    Социјалистот Моралес беше на функцијата од 2006 година и тоа како прв претседател од редовите на домородното население.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира