БОЛСОНАРО ЈАДЕШЕ ПИЦА НА УЛИЦА ЗАШТО ЊУЈОРШКИТЕ РЕСТОРАНИ БАРААТ ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ

    БОЛСОНАРО ЈАДЕШЕ ПИЦА НА УЛИЦА ЗАШТО ЊУЈОРШКИТЕ РЕСТОРАНИ БАРААТ ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕБолсонаро и негови соработници вечераат на улица по доаѓањето во Њујорк (Фото: Инстаграм)

    Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединети нации ќе мора да се задоволат со улична храна место со вечера во некој од њујоршките ресторани. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро беше снимен како јаде парче пица на улица, во ситуација кога угостителските објекти во градот бараат потврда за вакцинирање против ковид-19.

    Болсонаро е добро познат скептик за вакцините и пред да дојде во Њујорк кажа дека неговиот имунолошки систем е доволно силен за да се одбрани од коронавирусот.

    Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио апелираше до светските лидери, особено до Болсонаро, да се вакцинираат пред да дојдат.

    „Ако не сакате да се вакцинирате, подобро не доаѓајте“, кажа Де Блазио.

    Учесниците на Генералното собрание, сепак, немаат обврска да покажат доказ за вакцинирање. Некои лидери решија да не доаѓаат поради пандемијата и испратија видеопорака.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира