БОРИС ЏОНСОН ПОД ИСТРАГА ОТКАКО СИ ГО РЕНОВИРАЛ СТАНОТ ЗА 200.000 ФУНТИ

    БОРИС ЏОНСОН ПОД ИСТРАГА ОТКАКО СИ ГО РЕНОВИРАЛ СТАНОТ ЗА 200.000 ФУНТИЏонсон тврди дека лично го платил реновирањето (Фото: Ројтерс)

    Британскиот премиер Борис Џонсон се наоѓа под притисок да објасни кој го финансирал реновирањето на неговиот стан на улицата Даунинг 11, откако неговиот поранешен главен советник изјави дека тој можеби ги прекршил правилата за политички донации. Џонсон инсистира дека лично го платил реновирањето, а неговата портпаролка демантираше дека за тоа биле користени фондовите на Конзервативната партија.

    „Лично платив за реновирањето во улицата Даунинг“, изјави Џонсон.

    Тој се соочи со вакви обвинувања на осум дена до локалните избори во Англија и изборите за регионалните парламенти на Велс и Шкотска.

    Џонсон на располагање има 30.000 фунти годишно за одржување и опремување на официјалната резиденција, а сѐ што ја надминува оваа сума мора да биде подмирено од самиот премиер. Во спорното реновирање наводно биле вложени 200.000 фунти, но Џонсон не пријавил дека парите дошле од некаков заем. Во март, весникот „Дејли мејл“ објави дека Џонсон планирал да ги собере парите преку донори на партијата.

    Истрагата беше покрената откако изборната комисија на Британија се посомнева дека имало прекршоци при реновирањето на станот на Џонсон минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира