Борис Џонсон размислувал да испрати британски трупи во Холандија за да запленат пет милиони вакцини против ковид-19 задржани во градот Лајден, вели извадок од неговите нови мемоари, што го објави „Дејли мејл“.
Во пролет 2021, Велика Британија и Холандија се натегаа околу производството на вакцини во фабриката во Лајден близу холандскиот брег. Фабриката со вакцини ја снабдуваше „АстраЗенека“, со која договор имаа и Европска Унија и Британија.
Среде стравот дека ќе има недостиг од вакцини, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се закани дека ќе забрани извоз на вакцини во земји кои имаат повисока стапка на вакцинација од ЕУ, како и во земји кои одбиваат да ги делат своите залихи со држави од ЕУ, што во двата случаи важеше за Британија.
Во своите нови мемоари, Џонсон напиша дека по два месеца неуспешни преговори со ЕУ да се пуштат вакцини, тој побарал план од британската војска како да се земат со сила. Според тогашниот премиер, високи офицери понудиле испраќање војници преку Ла Манш за да се запленат вакцините.
„Планот на крајот беше отфрлен зашто инвазија на сојузник од НАТО би била лудило“, објасни Џонсон.