БОРИС ЏОНСОН ЗАБОРАВИЛ НА ЗАКОНОТ ШТО ГО ДОНЕСЕ, ПА ГО ВРАТИЛЕ ОД ГЛАСАЧКОТО МЕСТО ОТИ НЕМАЛ ЛИЧНА КАРТА

    БОРИС ЏОНСОН ЗАБОРАВИЛ НА ЗАКОНОТ ШТО ГО ДОНЕСЕ, ПА ГО ВРАТИЛЕ ОД ГЛАСАЧКОТО МЕСТО ОТИ НЕМАЛ ЛИЧНА КАРТАЏонсон подоцна се вратил со потребниот документ за идентификација, па гласал од втор обид (Фото: Гети)

    Бившиот британски премиер Борис Џонсон бил вратен од своето гласачко место на вчерашните локални избори во Англија зашто заборавил да понесе лична карта или друг документ за идентификација. Британските медиуми известија дека Џонсон подоцна се вратил со потребниот личен документ, по што гласал од втор обид.

    Во 2022, кога Џонсон беше премиер, британската влада донесе закон според кој од граѓаните се бара да покажат документ за идентификација при гласање, што има за цел да се спречат изборни измами. Дотогаш, на гласачите им беше доволно да кажат име и презиме и адреса на живеење за да можат да гласаат.

    Минатогодишните локални избори беа првите на кои што гласачите мораа да покажат документ за идентификација. Според изборната комисија, околу 14.000 луѓе тогаш не можеле да гласаат поради новото правило.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира