БОЦВАНА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ИСПРАТИ 20.000 СЛОНОВИ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ДА ВИДИ КАКО Е ДА СЕ ЖИВЕЕ СО НИВ

    БОЦВАНА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ИСПРАТИ 20.000 СЛОНОВИ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ДА ВИДИ КАКО Е ДА СЕ ЖИВЕЕ СО НИВБоцвана е дом на околу една третина од светската популација слонови (Фото: Гети)

    Претседателот на Боцвана, Мокветси Масиси, се закани дека ќе испрати 20.000 слонови во Германија откако германското министерство за животна средина побара да се воведат построги ограничувања во извозот на ловечки трофеи. Масиси изјави за германските медиуми дека тоа би ги осиромашило луѓето во неговата земја.

    Тој кажа дека бројот на слоновите експлодирал како резултат на конзерваторските напори и дека ловот би помогнал тој да се одржи под контрола.

    Германците би требало да живеат со слонови на начин на кој тие ни кажуваат. Тоа не е шега“, кажа Масиси.

    Боцвана е дом на околу една третина од светската популација слонови. Таму ги има 130.000, повеќе отколку што има простор за нив.

    Стадата прават штети на приватни имоти, јадат посеви и газат луѓе“, вели Масиси.

    Боцвана претходно има дадено 8.000 слонови во Ангола и му има понудено стотици на Мозамбик.

    Би сакале да ѝ дадеме еден таков подарок и на Германија. Не прифаќаме ‘не‘ како одговор“, кажа Масиси.

    Боцвана и другите јужноафрикански земји заработуваат многу пари од богати западњаци кои плаќаат илјадници долари за дозвола да убиваат животни, од кои потоа земаат трофеи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира