Норвешкиот суд го одби барањето на масовниот убиец Андерс Брејвик за пуштање на условна слобода, заклучувајќи дека тој не се променил и останува опасност за општеството. Брејвик уби 77 луѓе во јули 2011 и беше осуден на максимална казна од 21 година затвор.
Иако кажа дека се откажал од насилството, тој отпоздрави во нацистички стил на првиот ден на сослушувањето.
Судот во Телемарк соопшти дека не верува во тврдењата на Брејвик дека иако неговата идеологија не се променила, тој отсега ќе је промовира со мирни методи.
„Тој е многу опасен човек“, изјави обвинителката Хулда Карлсдотир, со што се согласи и психијатарката Ранди Розенквист, која го проценувала Брејвик неколку пати и кажа дека не треба да му се верува.
Тројцата судии изјавија дека психијатриската состојба на Брејвик не се сменила и дека постои ризик дека ќе го повтори однесувањето што доведе до најголемиот масакр во поствоената Норвешка. Четириесет и двегодишниот Брејвик никогаш не искажал каење за своите злосторства. Тој на судењето изјави дека е можно да се биде нацист без да се биде насилен.