БРИСЕЛ ЈА ОБВИНИ УНГАРИЈА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ЗАШТО ИМ НУДИ ПОЕВТИН БЕНЗИН САМО НА ВОЗИЛАТА СО УНГАРСКИ ТАБЛИЧКИ

    БРИСЕЛ ЈА ОБВИНИ УНГАРИЈА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ЗАШТО ИМ НУДИ ПОЕВТИН БЕНЗИН САМО НА ВОЗИЛАТА СО УНГАРСКИ ТАБЛИЧКИОрбан кажа дека ваквата одлука има за цел да ги заштити унгарските граѓани (Фото: ЕПА)

    Европската комисија ја обвини Унгарија дека ги дискриминира жителите на останатите држави од ЕУ со тоа што им нуди поевтин бензин на возачите со унгарски регистарски таблички.

    Портпаролката на Европската комисија, Соња Господинова, кажа дека примиле поплаки од државјани на ЕУ кои од прва рака се соочиле со „дискриминирачките цени на бензинот“ кога точеле на бензинските пумпи во Унгарија. Таа сугерираше дека унгарската политика ги нарушува регулаторните рамки на заедничкиот пазар на ЕУ.

    Сега не е време за еднострани одлуки на национално ниво и за дискриминирачки мерки за жителите на ЕУ“, кажа Господинова.

    Минатиот месец, унгарската влада соопшти дека возилата со унгарски регистарски таблички ќе плаќаат 480 форинти (1,25 евра) за литар гориво, додека останатите ќе плаќаат според пазарните цени, кои можат да бидат и 60% повисоки.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира