БРИСЕЛ САКА ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ И ЗА ДЕВОЈКАТА НА ПУТИН И РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ

    БРИСЕЛ САКА ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ И ЗА ДЕВОЈКАТА НА ПУТИН И РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛПутин и Алина Кабаева снимени во 2004 (Фото: Алами)

    Алина Кабаева, бившата руска гимнастичарка за која се вели дека му е девојка на Владимир Путин, ќе биде вклучена во предложениот шести пакет-санкции што Европската Унија ќе ѝ го воведе на Русија, велат дипломатски извори од Брисел. Исто така, се очекува на листата да се најде и поглаварот на Руската православна црква, Кирил, кој отворено ја поддржа руската инвазија на Украина.

    „Сè уште се дискутира за новите санкции, тоа не е лесна одлука“, кажаа од Брисел.

    Деветкратната светска шампионка во ритмичка гимнастика првпат беше поврзана со Путин пред десетина години. Тој демантираше дека е во врска со неа, но токму во тоа време, во 2013, се разведе од сопругата Људмила по 30 години брак.

    Минатиот месец, „Вол стрит џурнал“ објави дека во Вашингтон се дискутирало дали да се воведат санкции и за Кабаева поради грижите дека Путин би го сметал тоа за силен личен удар на него.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира