БРИТАНИЈА БАРА ИНФОРМАЦИИ ОД ФЕЈСБУК ЗА ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ ОД РУСИЈА

    БРИТАНИЈА БАРА ИНФОРМАЦИИ ОД ФЕЈСБУК ЗА ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ ОД РУСИЈАКомитетот за дигитални медиуми и спорт на Велика Британија побара детали за тоа колку пари биле потрошени на рекламите, колку пати биле отворени и на кои фејсбук корисници биле насочени

    Британски адвокати побараа од компанијата „Фејсбук“ да обезбеди информации за рекламите од руските корисници на социјалната мрежа Фејсбук, кои кружеа за време на изборите во јуни и ланскиот референдум за Брегзит.

    Дејмиан Колинс, шеф на Комитетот за дигитални медиуми и спорт побара детали за тоа колку пари биле потрошени на рекламите, колку пати биле отворени и на кои фејсбук корисници биле насочени.

    Колинс , минатата недела испратил писмо до основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберег, во насока на истрагата за пласирање на лажни вести и за, како што стои во писмото, обавено денес, за „улогата на странски актери кои ја злоупотребуваат платформата за да се мешаат во политичките текови на другите нации“.

    Од „Фејсбук“ потврдија дека го добиле писмото и дека ќе одговорат штом ќе имаат можност да го разгледаат барањето.

    Фејсбук“ е под интензивна истрага по откритијата дека Русија можеби ја користела платформата да се вмеша во претседателските избори во САД во 2016 година.

    Гигантот за социјални медиуми призна дека продал реклами во вредност од приближно 100 илјади долари, за време на изборниот круг на непроверени профили и страници, „кои најверојатно потекнуваат од Русија“.

    На почетокот на месецов „Фејсбук“ на адвокатите од САД им даде копии од 3 илјади политички реклами купени од Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира