БРИТАНИЈА ВОВЕДЕ КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД ЈУГОТ НА АФРИКА ПОРАДИ НОВА ВАРИЈАНТА НА КОРОНАВИРУСОТ

    БРИТАНИЈА ВОВЕДЕ КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД ЈУГОТ НА АФРИКА ПОРАДИ НОВА ВАРИЈАНТА НА КОРОНАВИРУСОТДосега потврдените случаи се концентрирани во една провинција во Јужна Африка (Фото: АП)

    Велика Британија воведе задолжителен карантин за патниците кои доаѓаат од јужниот дел на Африка поради грижите околу нова варијанта на коронавирусот. Министерот за здравство Саџид Џавид кажа дека шест држави од утре ќе бидат на црвена листа, а авионските летови привремено ќе бидат забранети. Покрај Британија, и Израел забрани летови од југот на Африка.

    Еден експерт ја опиша варијантата наречена Б.1.1.529 како најопасната досега и се верува дека има моќ да го избегне имунитетот. Досега во Британија не е потврдено присуство на оваа варијанта.

    Досега потврдените случаи се концентрирани во една провинција во Јужна Африка, но има навестувања дека почнала да се шири.

    Тулио де Оливеира, директорот на јужноафриканскиот Центар за одговор на епидемии, кажа дека оваа варијанта е неверојатно силно мутирана.

    „Таа има невообичаена констелација на мутации и е многу различна од варијантите кои досега се ширеа. Оваа варијанта нѐ изненади. Содржи вкупно 50 мутации и повеќе од 30 на шилестиот протеин, преку кој вирусот влегува во клетките на телото“, изјави Де Оливеира.

    Тој додава дека големиот број мутации не мора автоматски да значи нешто лошо, туку е важно да се знае што прават тие.

    Досега се потврдени 77 случаи во провинцијата Гаутенг во Јужна Африка, четири во Боцвана и еден во Хонгконг, кој е директно поврзан со патување во Јужна Африка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира