БРИТИШ ЕРВЕЈС ГИ ОТКАЖА СИТЕ ЛЕТОВИ ЗА КИНА, 132 ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

    БРИТИШ ЕРВЕЈС ГИ ОТКАЖА СИТЕ ЛЕТОВИ ЗА КИНА, 132 ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТОд коронавирусот досега починаа 132 лица, а од Кина се прошири во најмалку друго 16 земји. (Фото: АФП)

    Бритиш ервејс ги прекина сите директни летови до и од Кина, поради ширењето на коронавирусот, соопшти авиокомпанијата. Оваа одлука следи откако Министерството за надворешни работи на Велика Британија објави препораки да не се патува во Кина. Бритиш ервејс, која дневно има голем број летови од Шангај и Пекинг до аеродромот Хитроу, соопшти дека суспензијата на летови почнува веднаш.

    „Им се извинуваме на нашите патници за непријатносtите, но безбедноста на патницитe и екипажот секогаш ни е приоритет“, стои во изјавата на компанијата.

    Од вирусот досега починаа 132 лица, а од Кина се прошири во најмалку други 16 земји. Последните бројки од кинеската национална комисија за здравство се дека има 5.974 потврдени случаи, 9. 239 се сомнителни случаи, а уште 16 други земји потврдија случаи на заболени.

    Четири случаи на заболени се потврдени во Германија, што по Франција е втора земја во Европа со заболени од коронавирусот. Обединетите Арапски Емирати исто така го пријавија првиот случај на заболен во семејство кое неодамна се вратило од Вухан.

    Стотици странски државјани досега беа евакуирани од Вухан, центарот на епидемијата. Британската влада презема мерки  да ги евакуира Британците од Вухан и целата Хубеи провинција. Се претпоставува дека во таа област има околу 300 Британци.

    Австралија планира да стави во карантин околу 600 жители кои две недели биле на одмор на остров 2.000 километри оддалечен од Кина. Јапонија, САД и повеќе европски земји исто така ги враќаат нивните граѓани.

    Покрај Бритиш ервејс, и други авиокомпании како америнаканската Јунајтед ерлајнс, Аир Канада и Катај пасифик од Хонг Конг веќе ги откажаа своите летови до Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира