Бројката на загинати во несреќата кога камион влета на улична забава во село јужно од Ротердам порасна на шест, а уште седум други лица се во болница, од кои едно е во критична состојба.
Полицијата кажа дека возачот на камионот, 46-годишен Шпанец, е осомничен за несреќата, која што се случи во саботата наутро. Камионот излета од малиот селски пат и влета во собиранката.
Портпаролката на полицијата Мирјам Боерс вели дека возачот не бил под дејство на алкохол во моментот кога се случила несреќата.
„Истражуваме што се случило“, кажа таа.