БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО КИНА НАДМИНА 100, ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН

    БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО КИНА НАДМИНА 100, ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕНОграничувањата за патувања се затегнати и носењето маски во јавност сега е задолжително во некои кинески градови. (Фото: АФП)

    Бројката на починати од новиот коронавирус сега изнесува 106, а случаите на нови заразени речиси двојно се зголемени за еден ден, соопштија кинеските власти. Бројот на вкупно заразени во Кина се искачи на 4.515 на 27 јануари, споредено со 2.835 ден претходно.

    Ограничувањата за патувања се затегнати и носењето маски во јавност сега е задолжително во некои градови. Градот Вухан е во епицентарот на заразата, но таа се прошири низ Кина и надвор од земјата. Вухан, и целата Хубеи провинција во која е лоциран, се практично во карантин, со забрана за транспорт во и надвор во регионот.

    Коронавирусот предизвикува сериозна инфекција на дишните патишта и засега нема лек или вакцина. Најголем дел од смртните случаи се постари луѓе и луѓе со хронични болести. Вкупно 60 луѓе се пуштени од болница откако закрепнале, според кинеските државни медиуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира