БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЕКСИКО ПОРАСНА НА 61

    БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЕКСИКО ПОРАСНА НА 61Јучатан е еден од најтешко погодените градови во земјотресот (Фото: ЕПА)

    Бројот на загинатите во најсилниот земјотрес што го погоди Мексико во последните 100 години се зголеми на 61, соопштија официјалните лица. Едно лице загинало и во Гватемала.

    Земјотресот со магнитуда од 8,1 степен според Рихтеровата скала можеше да се почувствува се до главните градови на Мексико и на Гватемала, но најголемите штети ги направи на јужниот брег на Мексико, погодувајќи ги државите Табаско, Чијапас и Оаксака, кои се сметаат за најсиромашни и за најмалку развиени во земјата. Таму во моментов се одвива голема операција на спасување.

    Претседателот Енрике Пења Нието додаде дека има и најмалку 200 повредени лица, прогласувајќи ден на жалост.

    „Ситуацијата во градот Хучитан е критична. Ова е најужасниот момент во нашата историја“, изјави градоначалничката Глорија Санчес.

    Поради земјотресот, чиј епицентар бил во Пацификот, 120 километри од брегот на Мексико, беше прогласена и тревога за цунами, но таа подоцна беше укината.

    Според претседателот Пења, иако овој земјотрес бил посилен од оној во 1985 година, кога загинаа илјадници луѓе, бројот на жртвите сега ќе биде значително помал, бидејќи беше погодена помалку населена област.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира