БУГАРИН ПОЧИНА ДОДЕКА ЧЕКАЛ ВО РЕД ОД 300 МЕТРИ ДА КУПИ ЗЕЈТИН

    БУГАРИН ПОЧИНА ДОДЕКА ЧЕКАЛ ВО РЕД ОД 300 МЕТРИ ДА КУПИ ЗЕЈТИНРедици за зејтин на промоција има во повеќе бугарски градови. (Фото: Ќустендил инфо)

    77-годишен маж почина додека чекал ред да купи зејтин во супермаркет во Бургас, Бугарија, објавија бугарските медиуми. Кога дошла Брзата помош само констатирала смрт.

    „Човекот почина во супермаркетот. Го турнаа и му се слоши. Беше лудница, тој падна, посине и почина. Редот беше огромен“, кажа жена која пазарувала во супермаркетот за бугарската телевизија „Нова“.

    Редот бил долг околу 300 метри и бил за зејтин на промоција. Такви редови имало и по другите супермаркети од синџирот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира