БУГАРИЈА ЈА ИСКАРА ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЛАНОВИЌ ДЕКА БУГАРИЈА ЈА СИЛУВА МАКЕДОНИЈА

    БУГАРИЈА ЈА ИСКАРА ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЛАНОВИЌ ДЕКА БУГАРИЈА ЈА СИЛУВА МАКЕДОНИЈАХрватската амбасадорка во Софија Јасна Огњановац на примопредавањето на акредитивите со бугарскиот претседател Румен Радев. (Фото: МНР на Хрватска)

    Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев ја повика хрватската амбасадорка во Софија Јасна Огњановац да му пренесе на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека неговата изјава за политиката на Бугарија кон Македонија е неприфатлива, неоправдана и разочарувачка за Софија, соопшти денеска бугарското МНР.

    Станува збор за изјавата на Милановиќ по самитот Брдо-Бриони во Крањ пред два дена.

    „Ова што сега службената политика на една членка на Унијата ѝ прави на Северна Македонија е она што јас го нарекувам влегување во туѓо, односно влез во интимен простор. Се бара од еден аспирант, кандидат, кој е среде преговорите за членство, во учебниците по историја да ја дефинира својата национална генеза онака како тоа го бара соседната држава. Тоа е влегување во интимен простор, тоа не се прави“, кажа хрватскиот претседател.

    Од бугарското МНР велат дека од амбасадорката Огњановац побарале појаснување на причината за изјавата на претседателот Милановиќ.

    Милановиќ ја осуди бугарската политика кон Македонија на заедничката прес-конференција со словенечкиот колега Борут Пахор. Тој беше прашан од новинарка за средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, но тој ја смени темата и почна да зборува за Бугарија и Македонија, правејќи паралела на спорот меѓу Словенија и Хрватска пред влегувањето на Хрватска во ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира