БУГАРИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ДАВА ПАРИ ЗА УКРАИНА, КАЖА РАДЕВ

    БУГАРИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ДАВА ПАРИ ЗА УКРАИНА, КАЖА РАДЕВРадев порача дека Бугарија нема да учествува во нови европски заеми за Киев (Фото: ДПА)

    Бугарија повеќе нема да учествува во финансиската помош што Европската Унија ја дава за Украина, изјави премиерот Румен Радев.

    На неодамнешниот самит на ЕУ, Володимир Зеленски побара од Унијата дополнителни 70 милијарди евра за следната година, со цел Украина да може да продолжи да се брани од руската инвазија.

    „Како ви изгледа ова, со оглед на сè што се случува во Европа? Бугарија не може на никаков начин да биде вклучена во овие 70 милијарди евра“, кажа Радев.

    Тој потсети дека минатата година ЕУ одобрила 90 милијарди евра за Украина, кои ги покриваат 2026 и 2027 година, што беше одобрено и од Бугарија. Унгарија, Чешка и Словачка одбија да учествуваат во овој заем.

    „Војната во Украина ги исцрпува европските економии и доведува до социјални тензии и политичка нестабилност. Решението нема да се постигне со воени средства“, изјави Радев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира