БУГАРСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ КОИ ЗЕМАА МИТО ЗА ИЗДАВАЊЕ ПАСОШИ НА МАКЕДОНЦИ СТАВЕНИ НА ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

    БУГАРСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ КОИ ЗЕМАА МИТО ЗА ИЗДАВАЊЕ ПАСОШИ НА МАКЕДОНЦИ СТАВЕНИ НА ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКАПоранешниот директор на Државната агенција за Бугари во странство (ДАБЧ) Петар Харалампиев. (Фото: ДАБЧ)

    Меѓу шестмината Бугари кои денеска американскиот Стејт Департмент ги стави на црна листа се и двајцата поранешни функционери на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев и Красимир Томов, кои се обвинети дека организирале шема за земање мито за издавање бугарски пасоши на Македонци.

    Двајцата се кадри на ВМРО-БНД на поранешниот вицепремиер Красимир Каракачанов.

    „Денеска, го објавуваме јавното означување на поранешните бугарски функционери Александар Манолев, Петар Харалампиев, Красимир Томов, Делјан Славчев Пеевски, како и актуелниот бугарски функционер Димитров Желјазков, поради нивна вклученост во значителна корупција. Манолев, Харалампиев и Томов, како заменик-министер за економија, директор на Државната агенција за Бугари во странство и генерален секретар на Државната агенција за Бугари во странство беа вклучени во коруптивни дејствија со што го поткопаа владеењето на правото и довербата на бугарската јавност во владините демократски институции и ги користеа своето политичко влијание и моќта што им ја носи функцијата за да остварат лична корист“, се вели во соопштението на портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс.

    Со оваа одлука на Стејт Департментот, на Харалампиев и Томов, како и на нивните семејства им е забранет влез во САД. Двајцата беа уапсени во 2018 година, како дел од акцијата на бугарската полиција против раководството на Државната агенција за Бугарите во странство, преку која што се издаваат државјанствата.

    Судењето почна дури две години подоцна, во септември 2020, но поради пандемијата на коронавирус судскиот процес е во застој. Обвинети за земање мито, просечно по 1.000 евра, при издавање уверенија за бугарско потекло се поранешниот директор на ДАБЧ Петар Харалампиев, тогашниот генерален секретар Красимир Томов, кај кого во сеф беа најдени 285 илјади евра, и уште двајца.

    Уверението за бугарско потекло е клучен документ потребен за добивање бугарско државјанство и според обвинението понекогаш се издавало и експресно, т.е. истиот ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира