ЧЕЧЕНСКИОТ ЛИДЕР КАДИРОВ ВО БОЛНИЦА ОТКАКО РАЗВИЛ СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС

    ЧЕЧЕНСКИОТ ЛИДЕР КАДИРОВ ВО БОЛНИЦА ОТКАКО РАЗВИЛ СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУСКадиров бил префрлен со авион во Москва (Фото: Гети)

    Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е префрлен во болница во Москва откако наводно се заразил со коронавирус. Руските државни медиуми објавија дека Кадиров е на лекување во Москва откако развил симптоми слични на грип.

    „Рамзан Кадиров е префрлен со авион во Москва поради сомнеж на коронавирус. Тој се наоѓа во една од најдобрите клиники во Москва“, изјави извор за агенцијата ТАСС.

    Ахмед Дудајев, близок соработник на чеченскиот лидер и директор на телевизијата „Грозни“, изјави дека Кадиров „и натаму лично ја контролира ситуацијата и ги презема сите неопходни мерки’.

    Претходно, со коронавирус се зарази и рускиот премиер Михаил Мишустин, кој пред неколку дена се врати на работа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира