ЧЕШКА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ

    ЧЕШКА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИМерката ќе стапи на сила на 1 март 2022 (Фото: СДК.МК)

    Чешката влада донесе одлука за задолжително вакцинирање против ковид-19 на сите лица над 60 години. Министерството за здравство објави дека оваа мерка ќе стапи на сила на 1 март 2022. Вакцинирањето исто така ќе биде задолжително за сите медицински лица, студенти по медицина, полицајци, војници и пожарникари.

    Ова е една од последните одлуки на владата на заминување и нејасно е дали новата влада на чело со Петр Фјала ќе ја поништи. Претставници на идната владејачка коалиција, која се состои од пет партии, имаат јавно зборувано против задолжителното вакцинирање.

    Речиси половина милион Чеси над 60 години сѐ уште не се вакцинирани. Чешка ја има една од највисоките стапки на зараза во Европа, со седумдневна инциденца од 981 новозаразен на 100.000 жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира