Неколку чешки банки и тамошната берза биле цел на хакери во изминатите два дена, кои ги нападнале нивните сајтови и сервиси за интернет плаќање. Шест банки пријавиле проблеми во средата и портпаролот на Здружението на чешките банки кажа дека тие биле жртви на сајбернапади.
„И покрај привремените непријатности, финансиите на клиентите на банките не биле загрозени“, кажа портпаролот.
Неколку банки потврдија дека и вчера им бил паднат сајтот и дека имале прекин во мобилното и интернет банкарство. Сајтот на берзата во Прага и вчера имал проблеми откако бил изложен на сајбернапад во средата.
Одговорност за овие напади ги презеде руската хакерско-активистичка група „NoName057(16)“, која бара овие институции да престанат да ја поддржуваат Украина, објави Чешката новинска агенција.