ЧЕТИРИ ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО ОСТАТОЦИТЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ БРОД ШТО ПОТОНА ВО ДУНАВ

    ЧЕТИРИ ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО ОСТАТОЦИТЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ БРОД ШТО ПОТОНА ВО ДУНАВУште осум луѓе се водат како исчезнати по несреќата што се случи на 29 мај (Фото: АП)

    Најмалку четири тела се пронајдени откако утрово почна акцијата на извлекување на остатоците на туристичкиот брод што потона во Дунав во центарот на Будимпешта минатиот месец. Нуркачите влегоа во бродот додека тој со кран внимателно се вадеше на површина, во заедничката операција на Унгарија и Јужна Кореја.

    Бродот „Сирена“ превезуваше десетици јужнокорејски туристи кога се судри со голем крузер и потона, при што загинаа 20 луѓе, а осуммина и натаму се водат како исчезнати.

    Се очекува операцијата да трае неколку часа. Властите веруваат дека пронајдените тела се на тројца корејски туристи и на капетанот на бродот.

    Несреќата се случи во вечерните часови на 29 мај и властите велат дека бродот „Сирена“ потонал за само неколку секунди. Седум од 35-те луѓе на бродот беа спасени веднаш по несреќата, додека едно од телата беше извлечено од Дунав повеќе од 100 километри низводно.

    Капетанот на крузерот, 64-годишен украински државјанин, беше приведен под обвинение за невнимателно управување со пловило.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари