Во темница, четворица астронаути слетаа во вода утринава во Мексиканскиот залив, близу Флорида, означувајќи успешен крај за мисијата на НАСА, предводена од приватна компанија. „СпејсЕкс“ на Илон Маск однесе и врати четворица астронаути од Меѓународната вселенска станица, што претставува прва таква оперативна мисија.
Пред половина година, ракета на „СпејсЕкс“ полета со четворица астронаути, тројца од НАСА и еден од Јапонската вселенска агенција, сместени во капсулата „Кру Драгон“ и денеска истата таа капсула, безбедно се врати на Земјата.
Последен пат кога астронаути на НАСА слетаа во вода ноќно време беше во 1968 година, кога тројца астронаути од Аполо 8, првите кои орбитираа околу Месечината, се вратија на Земјата.