ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ УБИЕНИ ВО НАПАДОТ СО НОЖ ВО ПАРИЗ

    ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ УБИЕНИ ВО НАПАДОТ СО НОЖ ВО ПАРИЗНападот се случил во дворот на седиштето на француската полиција (Фото: Ројтерс)

    Четворица полицајци се убиени со нож во седиштето на француската полиција во Париз, објавија тамошните медиуми.

    Напаѓачот, за кој беше кажано дека бил вработен во зградата, подоцна е убиен од полицијата.

    Нападот се случил во дворот на полициската зграда, која се наоѓа во близина на катедралата Нотр Дам, само ден по националниот протест на полицијата против растечкото насилство кон нејзини припадници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира