Вооружен маж пукал во канцеларија за социјално осигурување и во суд во центарот на Атина, при што ранил неколку луѓе, соопштија грчките власти.
Во тек е полициска операција за фаќање на напаѓачот, за кој грчките медиуми објавија дека е 89-годишен маж. Полицијата соопшти дека тој бил вооружен со пушка и прво ранил службеник во канцеларија за социјално осигурување.
Истиот маж е осомничен дека подоцна отворил оган во приземјето на апелациониот суд, при што се ранети најмалку три лица. Тој избегал од местото на настанот, оставајќи ја својата ловечка пушка.
Сите жртви се превезени во болница со разни повреди на нозете. Мотивот на пукањето не е јасен.



