ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ОД ПУКНАТА ЦЕВКА ЗА ТОПЛА ВОДА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО МОСКВА

    ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ОД ПУКНАТА ЦЕВКА ЗА ТОПЛА ВОДА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО МОСКВАТрговскиот центар, познат како „Времена года“ (Годишни времиња), беше отворен во 2007 и има над 150 продавници. (Фото: Ројтерс)

    Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени откако денеска пукна цевка за топла вода во трговски центар во западна Москва, изјави градоначалникот на градот. Градоначалникот Сергеј Собјанин рече дека некои од повредените добиле изгореници и дека итната помош работи на местото на настанот.

    Видеоснимката покажува поплава низ зградата и пареа како излегува од вратата. Трговскиот центар, познат како „Времена года“ (Годишни времиња), беше отворен во 2007 и има над 150 продавници.

    „Им даваме медицинска помош на сите жртви“, рече Собјанин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира