ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО СЕ СОГЛАСИЈА ДЕКА НА УКРАИНА Ѝ ТРЕБААТ ОДБРАНБЕНИ СИСТЕМИ, НО НЕ ДАДОА КОНКРЕТНИ ВЕТУВАЊА

    ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО СЕ СОГЛАСИЈА ДЕКА НА УКРАИНА Ѝ ТРЕБААТ ОДБРАНБЕНИ СИСТЕМИ, НО НЕ ДАДОА КОНКРЕТНИ ВЕТУВАЊААлијансата ја разбира итноста, кажа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба (Фото: ДПА)

    Членките на НАТО се согласија да посегнат во своите арсенали и да ѝ дадат на Украина уште противвоздушни системи за да може да се брани од руските напади со балистички проектили, додека западната воена алијанса одбележа 75 години од формирањето со војна пред своите врати.

    Алијансата ја разбира итноста. Ќе погледнеме во нашите залихи за да видиме дали можат да се обезбедат уште противвоздушни системи, особено ‘патриот‘, но и муниција и резервни делови за системите кои се веќе во Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека поголема поддршка за Украина е особено важна во услови кога Кина, Северна Кореја и Иран ги поддржуваат воените напори на Русија. Сепак, САД и останатите членки на НАТО не дадоа никакви специфични ветувања за помошта за Украина.

    Не сакам да ја расипам роденденската прослава на НАТО, но морам во името на Украина да ја пренесам мрачната порака за ситуацијата со руските воздушни напади врз мојата земја“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

    Во последниот таков напад загинаа четворица луѓе во Харкив, а 350.000 луѓе останаа без струја.

    Најголемите битки што НАТО ќе ги води се во иднината и мора да бидеме спремни за нив“, кажа литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

    Од НАТО кажаа дека Русија веројатно ќе регрутира 30.000 нови војници месечно, со што ќе може да ги покрива своите загуби на бојното поле и да продолжи со нападите.

    Сепак, и на Русија ѝ недостигаат муниција и маневарски единици потребни за успешна голема офанзива“, кажа извор од НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира