БОЛЕН ЧОВЕК УМРЕЛ ОД ГЛАД ВО ИСТРАЖЕН ЗАТВОР ВО САД ОТИ НЕ МОЖЕЛ ДА ПЛАТИ КАУЦИЈА ОД 100 ДОЛАРИ

    БОЛЕН ЧОВЕК УМРЕЛ ОД ГЛАД ВО ИСТРАЖЕН ЗАТВОР ВО САД ОТИ НЕ МОЖЕЛ ДА ПЛАТИ КАУЦИЈА ОД 100 ДОЛАРИСемејството на Лари Прајс, кој боледувал од шизофренија, го тужи затворот за тешка негрижа. (Фото: Вашингтон пост)

    Човек умрел од глад во истражен затвор откако не можел да си дозволи да плати кауција од 100 долари, се вели во тужбата поднесена од неговото семејство. Во тужбата поднесена во петокот во федералниот суд во Арканзас, САД, роднините на Лари Прајс, кој немал дом и живеел со тешка ментална болест, тврдат дека било дозволено тој да умре од глад во истражен притвор поради запоставување од затворскиот персонал и најмениот лекар, што траело повеќе од една година. Како обвинети ги именува затворот, здравствените клиники и неколку вработени. Администратор на окружниот затвор Себастијан изјави дека има медицински персонал на располагање за лекување на затворениците на кои им е потребна грижа и дека спроведува внатрешна истрага за случајот на Прајс.

    За семејството на Прајс, неговата смрт е особено болна поради тоа колку лесно можеше да се избегне – почнувајќи од одлуката да се стави човек со шизофренија во систем кој никогаш не бил дизајниран да го лекува, а потоа држејќи го без судење една година за кауција од 100 долари која тој не не можел да си ја дозволи. Болката е надополнета, велат тие, со детали како десетиците затворски извештаи кои сугерираат дека или никој не гледал или никој не се грижел додека тој здравствено пропаѓал, оти во извештаите се вели дека тој „Во ред“ – дури и откако умрел.

    Адвокатот на семејството, Ерик Хеипт, чија компанија со седиште во Сиетл е специјализирана за случаи на незаконска смрт и полициска бруталност, ја нарече смртта на Прајс една од најстрашните што ги видел во речиси 20 години постапување со овие случаи. Прајс е меѓу 1.200-те луѓе за кои се знае дека умреле во локалните затвори, според бројките за 2019 од Заводот за статистика на правдата. Извештајот на поткомитетот на Сенатот за истраги од 2022 покажа дека бројките се значително поголми, а чуварите, реформските групи и пратениците забележаа долгогодишни проблеми со собирањето точни податоци.

    Иако спецификите на случајот на Прајс се поуникатни – неговата аутопсија како причина за смртта наведува „акутна дехидрација и неухранетост“ – затворите и поширокиот кривично-правен систем се борат со тоа како да ги решат здравствените потреби на затворениците, особено на оние со ментална болест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира