Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика светските лидери да работат заедно за да ја заштита „нашата Мајка Земја“ од климатските промени откако американскиот претседател Доналд Трамп реши да ги повлече САД од Парискиот климатски договор.
„До сите кои веруваат дека иднината на нашата планета е важна, им велам: ‘Да продолжиме заеднички по патот за да можеме да бидеме успешни во заштитата на нашата Мајка Земја“, изјави Меркел.
Објавата на Трамп се случи во пресрет на јулскиот самит на земјите од Г-20 во Хамбург, со кој ќе претседава Меркел.