ДА НЕ ШПЕКУЛИРАМЕ СО ДАТУМИ, СЕКОЈА ЗЕМЈА ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ КОГА ЌЕ БИДЕ ПОДГОТВЕНА, ВЕЛАТ ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИШЕЛ ЗА 2030 ГОДИНА

    ДА НЕ ШПЕКУЛИРАМЕ СО ДАТУМИ, СЕКОЈА ЗЕМЈА ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ КОГА ЌЕ БИДЕ ПОДГОТВЕНА, ВЕЛАТ ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИШЕЛ ЗА 2030 ГОДИНАПретседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вчера на Блед стратешкиот форум кажа дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки до 2030 година. (Фото: Блед стратешки форум)

    Европската комисија (ЕК) не сака да ја коментира изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој вчера на Блед стратешкиот форум кажа дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки до 2030 година.

    Портпаролката на Европската комисија Дана Спинант денеска рече дека не знае дали Мишел се консултирал со ЕК за говорот. Сепак, таа кажа дека проширувањето е политички приоритет за комисијата, но не сака да шпекулира со датуми.

    „Секогаш велиме дека проширувањето е процес заснован на постигнувања, што значи дека кандидатите треба да влезат во Европската унија кога ќе бидат подготвени“, рече таа.

    Таа додаде дека комисијата тесно соработува со земјите кои сакаат да влезат во ЕУ и им помага да ги усвојат реформите неопходни за влез во унијата.

    Портпаролката рече дека во Брисел се согласни дека и ЕУ мора да се подготви за проширување и дека лидерите на земјите членки ќе разговараат за тоа неформалниот самит во Гранада, Шпанија, на почетокот на октомври.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира