ДАЛИ НЕКОЈ ПРЕГОВАРАЛ СО ХИТЛЕР? – ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР ГО ИСКАРА МАКРОН ШТО ЧЕСТО СЕ СЛУША СО ПУТИН

    ДАЛИ НЕКОЈ ПРЕГОВАРАЛ СО ХИТЛЕР? – ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР ГО ИСКАРА МАКРОН ШТО ЧЕСТО СЕ СЛУША СО ПУТИНОд почетокот на годината, Макрон 16 пати разговарал со Путин (Фото: ДПА)

    Полска го искара францускиот претседател Емануел Макрон за неговите чести телефонски разговори со Владимир Путин, велејќи дека никој никогаш не преговарал со Адолф Хитлер.

    Меѓународните осуди на Русија се зголемија деновиве откако во киевскиот регион беа пронајдени стотици убиени цивили по повлекувањето на руските сили. Украина денеска ја обвини Русија за масакр и воени злосторства во Буча и предупреди дека би можело да има уште повеќе цивилни жртви во соседниот град Бородјанка.

    „Господине Макрон, колку пати веќе сте преговарале со Путин, што сте постигнале? Дали сте спречиле која било акција што се случи? Со криминалци не треба да се преговара, против нив треба да се бори. Никој не преговарал со Хитлер. Дали би преговарале и со Хитлер, Сталин или Пол Пот“, го запраша полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

    Полска во повеќе наврати повика да се заострат санкциите за Русија и да се зголеми снабдувањето на Украина со оружје.

    Од кабинетот на Макрон одговорија дека е важно Путин да ги разбере западните барања и цената која Русија ќе ја плати ако не ги почитува. Од почетокот на годината, Макрон 16 пати разговарал со Путин, а во февруари и го посети во Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира