ДАНСКИОТ ИНОВАТОР КОЈ ИСКАСАПИ НОВИНАРКА ВО ПОДМОРНИЦА ФАТЕН ПРИ БЕГСТВО ОД ЗАТВОР

    ДАНСКИОТ ИНОВАТОР КОЈ ИСКАСАПИ НОВИНАРКА ВО ПОДМОРНИЦА ФАТЕН ПРИ БЕГСТВО ОД ЗАТВОРПетер Мадсен ѝ кажал на полицијата дека има бомба (Фото: Рицау)

    Данскиот иноватор Петер Мадсен, осуден за убиството на шведската новинарка Ким Вал, е фатен додека се обидувал да избега од затвор, потврди полицијата. Фотографиите од местото на настанот го покажуваат Мадсен како седи на земја окружен од вооружени полицајци во близина на затворот западно од Копенхаген.

    Данските медиуми објавија дека Мадсен ѝ кажал на полицијата дека има бомба.

    Мадсен беше осуден на доживотен затвор за убиството на Вал во својата подморница во 2017 година. Нејзиното искасапено тело беше пронајдено на плажа 11 дена подоцна. Мадсен тврдеше дека смртта на Вал, која дошла да му прави интервју, била инцидент, но подоцна ја призна вината.

    Полицијата не соопшти детали за тоа што се случило во затворот, освен дека маж се обидел да избега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира